Кремасто, слатко и освежувачко десертче со бело чоколадо во комбинација со ванила и фстаци. Идеално летно задоволсвто за вас и вашите најблиски. Уживајте 🙂
Мус од бело чоколадо со фстаци
By August 2, 2012
Published:Кремасто, слатко и освежувачко десертче со бело чоколадо во комбинација …
Ingredients
- ½ шолја фстаци
- 100 гр бело чоколадо
- 180 мл слатка павлака
- 180 мл јогурт
- 4 белки
- 1 лажичка ванила
- 1-2 лажици шеќер во прав
Instructions
- 1.Во блендер пола доза од фстаците добро измелете ги. На пареа или во микробранова печка растопете го белото чоколадо. Со миксер изматете ја слатката павлаката заедно со ванилата, а потоа додадете го јогуртот. Матете се додека не добиете фина смеса.
- 2.Во друг сад изматете ги белките заедно со шеќерот во прав. Смесата од слатка павлака помешајте ја со белото чоколадо, а потоа додадете ги изматените белки.
- 3.Распоредете го мусот во шест чаши На дното ставете фстаци, па пота лажичка мус, па потоа повторно слој фстаци и слој мус. Одозгора декорирајте со мелените фстаци. Оставете го мусот добро да се олади (најмалку два часа во фрижидер), а пота лажичката во раце и уживајте.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна