Освежителен крем, десерт кој е соодветен за било кој период од годината.

Мус од манго и портокал

By Тетка Биберче Published: January 29, 2013

  • Prep: 15 mins

Освежителен крем, десерт кој е соодветен за било кој период од годината.

Ingredients

Instructions

  1. 1.Изберете убави и зрели плодови манго. Пресечете ги на пола и остранете ја семката. Половина манго тргнете настрана за декорација, а остатокот исечкајте го и испасирајте го.
  2. 2.Во блендираното манго, додадете сок од портокал и шеќер.
  3. 3.Во меѓувреме, желатинот помешајте го со 3 лажици вода и оставете го околу 5 минути за да се раствори.
  4. 4.Во микробранова печка или пак на пареа, на тивок оган, загрејте го желатинот се додека не добие течна форма. Внимавајте желатинот да не зоврие.
  5. 5.Растопениот желатин додадете го во смесата со манго и промешајте.
  6. 6.Во сад, изматете ја белката со прстофат сол и внимателно, мешајќи со лажица, додадете ја во смесата со манго.
  7. 7.Изматете ја и слатката павлака и половина од неа додадете ја во смесата. Остатокот користете го за декорирање.
  8. 8.Смесата префрлете ја во 4 декоративни длабоки садчиња и оставете ги во фрижидер за добро да се оладат.
  9. 9.Пред послужување, декорирајте со две кришки манго и малку слатка павлака.