За денешниот ручек ви предлагаме да ја пробате оваа пролетна мусака без месо која сигурно ќе ви отвори апетит. Одличен вкус со релативно брза подготовка – има ли нешто подобро од тоа? Добар апетит!
Мусака без месо
By September 23, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 50 mins
- Ready In: 60 mins
За денешниот ручек ви предлагаме да ја пробате оваа пролетна мусака без …
Ingredients
- 500 г тиквички
- 500 г модри патлиџани
- 2-3 домати
- 120 г кашкавал
- 500 мл млеко
- 60 г путер
- 1 супена лажица брашно
- малку сол
- малку црн пипер
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги добро тиквичките и модрите патлиџани, а потоа исечете ги на кругчиња со дебелина од околу 5 мм.
2.Обложете го тавчето со хартија за печење, а потоа испрскајте малку масло врз неа. Наредете половина од кругчињата од тиквички и модри патлиџани така што малку да се преклопуваат едно со друго.
3.Испрскајте малку сол, црн пипер и сечкани свежи зачини по желба, а потоа наредете еден ред домати исечкани повторно на кругчиња.
4.Подгответе го бешамел сосот. Во подлабоко тенџерче ставете го путерот да се растопи, а потоа додадете го брашното и запржете 2-3 минути со постојано мешање. Тргнете го тенџерето настрана и постепено додавајте го млекото, повторно со постојано мешање за да не ви се појават грутки. Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека не зоврие и не се згусти малку. На крајот додадете малку сол и црн пипер.
5.Истурете го сосот врз доматите и распоредете половина од изренданиот кашкавал одозгора. Наредете ја одозгора другата половина од тиквички и модри патлиџани и испрскајте со остатокот од кашкавалот.
- 6.Печете во загреана рерна околу 50-60 минути. Послужете ја мусаката додека е уште топла.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна