Ова е едно убаво, вкусно но и лесно јадење, кое ни го испрати нашата читателка Долорес Кашуба Петров. Одличен рецепт за овој период кога блитвата ја имаме во изобилие, а која е навистина здрав зеленчук кој изобилува со витамини. Затоа при подготовката на ова јадење треба да внимаваме како ја приготвуваме блитвата, за да остане и по боја и вкус иста, а притоа и да ги сочува хранливите состојки.
Мусака со блитва
By April 6, 2013
Published:Ова е едно убаво, вкусно но и лесно јадење, кое ни го испрати нашата …
Ingredients
- 1 кг блитва
- 300 гр мелено месо
- 300 гр ориз
- 1-2 главици кромид
- 1 главица лук
- 1/2 китка свеж магдонос
- 2 ливчиња ловор
- малку сол
- малку црвен пипер
- малку црн пипер
- малку нане
- малку вегета
- 4 јајца
- масло за готвење
- 4 супени лажици кисело млеко (или павлака, по желба)
Instructions
- 1.Блитвата ја миете убаво и ги одсекувате долните дебели краеви. Ја спуштате во лонец со завриена вода и веднаш ја вадите во друг сад со ладна вода.
- 2.Кромидот и лукот заедно ги ситните и ги пржите во загреано масло додека не добијат стаклена боја.
- 3.Кон ова се додава меленото месо (јас месото го плакнам во неколку води, а потоа процедувам и тогаш го пржам).
- 4.Во смесата потоа се додава: сол, црн пипер,вегета, иситнето нане, црвен пипер, магдоносот иситнет, се додава оризот убаво измиен и исцеден и се заедно се помешува.
- 5.Сега земате огноотпорен сад, го намрсувате малку дното и ги ставате 2 ловорови листа. Се вади 1/3 од блитвата и се реди во садот, се истура половина од смесата со месото, пак се става ред блитва, пак од смесата и се затвара со блитва.
- 6.Во тенџерето каде сте го пржеле месото ставате околу 5 дл вода да се смлачи и поливате преку смесата. По потреба додавате уште вода да ја има еден прст над блитвата.
- 7.Ставате капак и печете на умерен оган околу 40 мин. Потоа го тргате капакот и поливате со изматените јајца и кисело млеко, и со вилушка боцкате во смесата на неколку места.
- 8.Го враќате садот во рерна и печете додека не добие убава златно-жолта боја.
- 9.Се служи подистинато со прилог од кисело млеко. Нека ви е слатко.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна