Овој оброк мора да оди во графата права класика за убаво фамилијарно гезме, каде освен добра храна има и многу дружење и уживање со некое пиво, вино или чашка ракија. Мераци.

Мусака со компири

By Ана Марија Милосављевиќ Published: February 28, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 1 hr 10 mins

Овој оброк мора да оди во графата права класика за убаво фамилијарно …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Месото се пржи во подлабоко тавче со 100 грама зејтин и претходно ситно исечкан и пропржен кромид. При крај се додава сол, бибер и црвена пиперка.
  2. 2.Компирите се лупат и се сечкаат на кругови со дебелина до 3-4 милиметри.
  3. 3.Во подлабок плех со средна големина, се реди компирот, а кога се ќе се покрие се става меленото месо.
  4. 4.Одозгора се покрива со уште еден ред компири и се се прелева со изматени 3 јајца со половина литар млеко.
  5. 5.Се пече во загреана рерна на 220 степени, околу 45 минути.