Секогаш е добро кога има мусака за ручек, нели? Класика си е класика. Затоа фаќајте се за работа и во прва прилика изненадите ги домашните со мусака која специјално за нив ќе ја приготвите.
Мусака
By July 15, 2013
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 1 hr 5 mins
Секогаш е добро кога има мусака за ручек, нели? Класика си е класика. Затоа …
Ingredients
- 400 г мешано мелено месо (свинско и говедско)
- 800 г компири (околу)
- 1 лавица кромид
- 2-3 лажици масло за готвење
- 2 домати (или 1 чаша кечап)
- 1 лажица црвен пипер
- 1 морков
- ½ чаша бело вино
- 2 чешниња лук
- малку сол, црн пипер, сув зачин, црвен пипер
Instructions
1.Кромидот и лукот се сечат ситно, а морковот се ренда. На загреана тава, на масло за готвење, смесата се пржи кратко време, се додава виното, се продолжува со пржењето и се чека да испари скоро целата течност. Се додава меленото месо и се пржи додека месото ја промени бојата.
2.На крајот се додава ренданиот домат или кечапот. Смесата се пржи уште кратко време при што не треба да се дозволи да се испари целата течност. Тавата се трга настрана и во месото се додаваат сите зачини (црн пипер, црвен пипер, сув зеленчук, сол, магдонос).
3.Компирите се лупат и се сечат на тенки кружни парчиња. Тавата се премачкува со масло и се реди еден ред компир (обично овие се подебели) и компирите се насолуваат.
4.Врз компирите се става смесата од месото и рамномерно се нанесува.
5.Врз месото се нанесува уште еден слој компири (практикувам, во овој ред потенки парчиња од компири), се посолува и овој слој, но треба да се биде внимателен да не се претера со солта).
6.Откако е наредена мусаката во тавата каде што се пржело месото се става вода (околу 200-300 мл) се чека да зоврие и со неа се прелева мусаката. Вода треба да има толку колку да дојде до вториот ред компири но да ги прелее.
7.Тавата се става во рерна и се пече околу половина саат. Не смее да се дозволи да испари целата течност (мусаката треба да биде сочна), а ако сте љубител, на крај може да се потпече само горниот слој со помош на грилот во рерната (ако го имате во вашата рерна).
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна