Новите мусли на Алкалоид навистина ни се допаднаа и не инспирираа со нив да направиме еден интересен рецепт. Мусли бисквити кои се одлични како енергетски додаток со утринска доза кафе или шолја чај. За убав почеток на секој ден. Уживајте во овој вкус.
Мусли бисквити
By November 5, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 20 mins
Новите мусли на Алкалоид навистина ни се допаднаа и не инспирираа со нив …
Ingredients
- 200 г мусли (ние ги користевме муслите Nutty Story)
- 130 г брашно
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- прстфат сол
- 50 г кафеав шеќер
- 1 јајце
- 120 г путер
- 1 лажица мед
Instructions
1.Во поголем сад, измешајте ги муслите заедно со брашното во кое сте го додале прашокот за пециво и малку сол и додадете го кафениот шеќер.
2. Со метална маталка, малку изматете го јајцето. Путерот, на оган, или во микро, растопете го. Двете смеси помешајте ги.
3.Во смесата додадете го и медот и мешајте се додеа целосно не се растопи.
4.Вака подготвената смеса добро помешајте ја со смесата од мусли, шеќер и брашно.
5.Со помош на лажица, земајте од тестото и формите ставете ги во тава за печење, обложена со хартија.
6.Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу 10 минути. Испечените бисквити оставете ги добро да се оладат пред да ги сервирате.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна