Најдоброто парче пица подготвено во вашиот двор. Дали е тоа можно? Се разбира, ако решите да одвоите околу 300 долари од семејниот буџет и одлучите да ја купите оваа феноменална домашна пица печка со која ќе ја испечете највскуната пица, на која ќе ви позавидат и најдобрите пица мајстори.

Едноставна е за користење, работи на плин, изгледа одлично, а е направена по сите стандарди. Тоа најмногу се однесува на подлогата од шамак која го дава посебниот шмек и високата температура која ја развива, а е потребна за да се испече пицата во најбрз можен рок.

Идеална да ја монтирате во двор, на тераса или да ја земете на кампување. Со оваа пица печка никогаш повеќе нема да нарачете пица деливери. А, нешто заборавивме. Еве и рецепт за пица капричоза :)