Колку и да се трудите, вашите обиди здраво да се храните не ги доведуваат очекуваните резултати. Без разлика дали станува збор за диета од естетски причини, или едноставно сакате да го подобрите внесот на хранливи материи во вашиот организам, правите гршки за кои многу често не сте ни свесни.

Здравата исхрана во комбинација со здрав начин на живот (барем во онаа мерка во која работата, училиптето, семејството…) го дозволуваат тоа, ќе направи да се чувствувате подобро во своето сопствено тело. Затоа, внимавајте на овие неколку ситници кои често се занемарени дури и во најстрогите режими на исхрана.

Слатки кои содржат вистинско овошје

Во текот на денот, а особено во летниот период, пожелно е во организмот да се внесат барем 4 до 5 парчиња (или цели) овошја. Прекрасните слика на пакувањата на здравите слатки и колачи можат да ве натераат со нив да го замените оброкот од вистинско овошје. Бидејќи произведувачите не наведуваат колкав процент на вистинско овошје се наоѓа во производот, можно е тоа присуство да биде само во форма на овошни сокови кои содржат доста шеќер. Затоа, немојте да се изненадите ако ваквите “здрави“ колачиња и слатки содржат исто онолку калории како и вистинските слатки и колачи. Значи, ваквите искушенија сметајте ги за исто онолку штетни како и сите други слатки, и заменете ги со вистинско овошје.

Претерано конзумирање на додатоци во исхраната

Често се заборава дека витамините во таблети се додатоци на исхраната, а не надоместок за храната која не се внесува во организмот. Освен тоа, претераното конзумирање на витамини може да го загрози здравјето. Сите минерали и витамини во организмот меѓусебно соработуваат, па нивната рамнотежа може многу лесно да се поремети со концентрирани дози на еден витамин или на група витамини. Затоа, немојте да конзумирате повеќе од една витаминска таблета дневно, а ваквите додатоци земајте ги исклучиво по совет на лекар или нутриционист.

Мал број на оброци или недоволен внес на храна

Преголемиот или премалиот внес на храна, иако се спротивни по својата природа, меѓусебно се поврзани. Ако не јадете во правилни временски интервали во текот на денот, нивото на инсулин и шеќер во крвта се пореметува. Тогаш организмот ги задржува маснотиите кои се внесуваат во организмот, па доаѓа до успорување на метаболизмот што резултира во зголемување на телесната тежина. Затоа, не треба да си ги ускратувате оброците. Јадете на секои 4 часа и не се изгладнувајте до следниот оброк.

Користење на вештачки засладувачи

Ова не се однесува на внесувањето на калории, бидејќи вештачките засладувачи се сигурно помалку калорични од шеќерот. Но, затоа се 200 до 300 пати послатки од обичниот шеќер, па иако се користат во многу помали количини, често предизвикуваат жед и го зголемуваат апетитот.

Истражувањата покажале дека користењето на вештачки засладувачи е поврзано со мигрени и вртоглавици. Но, нивната поврзаност со создавањето на малигни ќелии во организмот не е докажана. Затоа, наместо да користите вакви засладувачи, пијте вода или исцедете го омиленото овошје, засладете го со мед и уживајте во вкусен и здрав напиток. Кафето или чајот засладете ги со мед, кафеав шеќер или стевиа.

Диети на познатите

Иако можеби звучи примамливо држењето на истата диета која и помогнала на Џенифер Лопез да ја постигне саканата тежина, експертите ја истакнуваат лошата страна на несоодветниот начин на исхрана. Ако диетата е добра за Џенифер, не значи дека ќе биде добра и за сите останати. Поголемиот дел од диетите на славните се темелат на исфрлување на јаглехидратите, кои пак се составен дел на урамнотежена исхрана. Предност обично им се дава на протеините, поради што, организмот може да изгуби многу други важни материи и елементи, како на пример, калциум. Значи, наместо да се исцрпувате со некакви “славни“ диети, дајте и предност на исхраната која ќе биде базирана на овошје, зеленчук, месо од мисирка, риба, црн леб и ориз.

Ароматизирани води

Ароматизираните води често се означени како диететски производ, но тие во себе содржат шеќери. Во зависност од произведувачот, ваквата вода може да содржи 44 до 65 грама шеќер во шише од 1,5 л. Тоа е како да изедете 5 супени лажици шеќер. Производителите пак, додавањето на шеќер го сметаат за неопходно, бидејќи без него, водата ќе биде безвкусна. Инаку, шеќерот често на пакувањето е означен како “сува материја“. Значи, пијте само чиста вода, а ако баш сакате некаков вкус, исцедете во неа неколку капки лимон или портокал, па на тој начин збогатете го вкусот со дополнителна свежина.

Размислувајте на “кратки патеки“

Кратките диети со минимален број на калории, при кои целиот организам практично се изгладнува, не донесуваат никакви резултати. Дури и ако изгубите неколку килограми, бидете сигурни дека брзо ќе ги вратите. Затоа, наместо да држите диети, кон исхраната пристапете како кон стил на живот. Во умерени количини, можете да јадете скоро се, без да се мачите и одрекнувате. Ќе ви треба малку повеќе самодисциплина, но затоа пак ќе добиете подолгорочни резултати.