Повеќе од добро познато е дека физичката активност не е доволна за добра линија. Без квалитетна и добраo балансирана храна никогаш нема да се постигнат посакуваните резултати. Токму затоа за вас направивме листа на најдобра храна која го поттикнува слабеењето. Продукти кои секојдневно треба да бидат на вашето мени.

Јајца
Изобилуваат со протеини кои подолго време ќе ве држат сити. Ако јадете јајца за појадок (најдобро варени), таа дневна рутина ќе го намали вашиот вкупен внес на калории во следните 36 часа. Протеините од јајцата исто така спречуваат брзи промени на нивото на шеќер во крвта што директно предизвикува намалена потреба од храна.

Мешунки
Хормонот Колецистокинин (CKK) кој се ослободува во дигестивниот систем е природен регулатор на вашиот апетит. Истражувањата покажале дека мешункастите плодови двојно ја зголемуваат количината на овој хормон. Мешунките поспоро се варат и одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта. Исто тако се одличен извор на влакна кои го смалуваат нивото на холестерол.

Салати
Често се прејадувате? Внесот на калории можете да го контролирате ако во вашата исхрана го зголемите количеството на салати кои ги јадете. На тој начин на вашиот организам ќе ми ги обезбедите потребите фито нутритиенти, витамини и минерали, а истовремено ќе намалите со калориите. Секојдневното јадење разни типови на салати значи поголемо количество витамин C, E и фолна киселина.

Зелен чај
Одличен извор на катехин, антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот и го поттикнува согорувањето на мастите. Истражувањата докажале дека секојдневното пиење на зелен чај ќе го поттикне вашето слабеење и ќе ви помогне во борбата со лошиот холестерол. (LDL)

Круши
Одличен извор на влакна. Една круша просечна содржи околу 6 грама влакна. Брзо ќе ве засити и долго нема да имате потреба од друга храна. Покрај крушите препорачливи се и јаболката. Двете овошки содржат пектин кој го подигнува нивното на шеќер во крвта и на тој начин полесно ќе одолеете на нападите да грицнете нешто.

Говедско месо
Одличен избор за оние кои сакаат да ослабат. Содржи леуцинин, аминокиселина која ја има во говедското месо, но и во рибата и млечните производи. Помага при градба на мускулната маса и согорува калории. Она што е важно е говедското да се приготвува на многу малку масло, најдобро печено за да остане здрава.

Маслиново масло
Незаситените масни киселини од маслиновото масло ќе ви помогнат за побрзо согорување на калориите. Има повеќе типови на маслинови масла кои можете да ги користите и за пржење и печење, но и како преливи на салати и додаток со варива и супи.

Цимет
Додадете го во омилените житарки, пригответе природна напивка наросена со цимет или направете некои ниско калорични колачиња со цимет. Само ¼ лажичка дневно ќе го регулира количеството на шеќер во крвта особен корисно за оние кои патат од дијабетес тип 2.

Бадеми, лешници, ореви
Иако содржат доста калории тие сепак ќе го поттикнат слабеењето, бидејќи го забрзуваат метаболизмот и се богати со омега 3 масни кисели кои го намалуваат ризикот на болести на срцето и крвниот систем. Единствена препорака е да не претерувате со количината. Една рака од овие плодови е сосема доволна дневна количина.