Дали за добро здравје и за одржување на витката линија е полош масен сендвич за појадок или пак прескокнувањето на утринскиот оброк? Како што ќе видите во продолжение, здравиот појадок подразбира нешто сосема трето.

Масен појадок

Во едно истражување научниците сакале да го испитаат ефектот што масниот појадок го има врз кардиоваскуларниот систем на 20 здрави млади луѓе. Учесниците во студијата еден ден изеле стандарден сендвич со шунка, јајца и сирење за појадок (сендвичот содржел 50 г маснотии и 900 калории), а следниот ден не јаделе ништо.

После масниот сендвич, сите учесници имале послаб крвоток само два часа по појадокот, бидејќи крвните садови не можеле доволно да се прошират и да донесат доволно кислород до срцето.

Прескокнување на појадокот

Постои нешто што е уште пострашно од масниот појадок, а тоа е комплетното прескокнување на појадокот.

Не само што оние кои го прескокнуваат појадокот (или го заменуваат со шолја кафе) имаат помалку енергија, полошо се расположени и послабо памтат од оние кои појадуваат, туку се соочуваат и со сериозни ризици по здравјето.

Така, овие луѓе имаат дури 450 проценти повеќе шанси да станат дебели, и 21 процент повеќе шанси да добијат дијабетес тип два.

Најдобриот појадок

Најдобриот појадок содржи немасни протеини и влакна, односно може да биде обезмастено млеко или јогурт во комбинација со интегрални житарки. Инаку, едно истражување ја има потврдено врската меѓу интегралните житарки и намалувањето на хормонот кортизол во организмот кој влијае на собирање на сало во пределот околу стомакот.

Само 85 г интегрални житарки му ја обезбедуваат на организмот дневната количина на влакна кои го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на масти во телото, што придонесува за подолг живот, поздраво срце и губење на телесна тежина.