Смоквата (Ficus carica) претставува суптропско листопаднo дрво од родот на фикус. Латинското име „ carica “ го добило според местото кое се смета за нејзина татковинана, Карија (Caria), провинција во Мала Азија, на брегот на Егејското море. Тоа е една од најстарите култури.

Смоквите може да се консумираат како свежи, исто така сушени, но и конзервирани во вид на џем или слатко. Свежите смокви содржат протеини, шеќери и некои органски киселини. Меѓутоа, во сувите смокви, процентот на протеините се зголемува до 6,3%, а на шеќерите и до 40-50%, што им дава силен сладок вкус. Токму затоа, ако се консумираат сувите смокви тие даваат длабоко чувство на ситост. Во нив има многу витамини како на пример: витамините В1, В3, РР, С но и β-каротен. Смоквите содржат важни минерали за човечкиот организам и тоа: натриум – 18, калиум – 268, калциум – до 34, магнезиум – до 20, фосфор – до 32, железо – до 3,2 (мг минерал на 100 г смокви). По содржина на калиум, само оревите се пред смоквите. Што се однесува до енергетската вредност, свежите смокви се релативно ниско калорични, даваат само околу 54 ккал на 100 г, додека сушените смокви се високо калорични, 257 ккал.

Смоквите наоѓале примена и во народната медицина, а нејзините лековити својства биле познати уште од античките времиња. Тие се користеле како лек против кашлица (се вареле со вода или млеко). Плодот на смоквата поседува способност за т.н. diaphoretic и antipyretic. Diaphoretic е состојбата на изобилно потење, а antipyretic е состојба на намалување на телесната температурата. Со оглед на тоа што поседува својство за зголемено потење, при нејзино консумирање доаѓа до намалување на телесната температура, особено важно при настинка (температурна треска). Токму затоа, при состојба на покачена температура пожелно е да јадат смокви. Тие истовремено и ја гасат жедта на човекот.

Лековити својства поседуваат и листовите од смоква кои се собираат во септември, октомври, се исушат и од нив се приготвува чај.

Смокви се корисни за лица заболени од астмата, ја смируваат кашлицата, одлична е за лица кои чувствуваат болка во градите, имаат срцебиењето, а консумирање на смокви со бадеми помага при силно губење на тежината. Сувите смокви исто така имаат и лаксативно дејство.

Сируп од смокви е одличен тоник за деца и помага за зголемување на нивниот апетит, а го подобрува и варењето на храната. Сирупот помага исто така при мускулната реума, кожни болести, камен во бубрег и мочниот меур, ја подобрува работата на црниот дроб. Во народната медицина, најчесто се употребува одвар. Тоа е течност добиена со варење или киснење на смоквите во вода или млеко. Одварот помага при настинка, воспаление на органите за дишење, а служи и за плакнење на воспалени непца.

Заради високата содржина на калиум во смоквите, тие се особено важни за лица заболени од кардиоваскуларни заболувања. Калиумот е тој кој ги шири крвните садови, а со тоа и да го намалува крвниот притисок. Тоа значи смоквите имаат важна улога при лечење на хипертензијата.

Присуството на ферментот фицин ја намалува способноста за коагулација на крвта и помага при апсорпција на формираните тромбови.

КОНСУМИРАЊЕ НА СМОКВИ Е ЗАБРАНЕТО НА ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ДИЈАБЕТЕС.

Нешто интересно за смоквата, а кое можеби не сте го знаеле.

2000 години пред нашата ера, мајмуните им помагале на Египќаните при берење на зрелите смокви. Мајмуните се качувале на дрвото, ги кинеле зрелите смокви и им ги фрлале во кошницата на луѓето што се наоѓале под смоквата.

Смоквата често пати е спомнувана во библијата. Се мисли дека Адам и Ева ја вкусиле токму смоквата, а не јаболкото и биле избркани од рајот. Смоквата се спомнува и во будизмот. Буда, седејќи под смоквино дрво ја осознал суштината на животот.