Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Салото може да го предизвика небалансирана и високо калорична храна, генетски предиспозиции, стрес како и неактивен животен стил. Колку е поголема количината на сало на стомакот толку се поголеми можностите за појава на заболување на срцето, шеќерна болсет, покачен крвен притисок и др.

Ви прпорачуваме да јадете 3 оброци дневно. Наутро кога ќе станете да се напиете свежо цеден сок од овошје или да изедете едно парче свежо овошје. Немојте да го прескокнувате појадокот бидејќи преку него ја добивате најголемата енергија која ви е потребна за активен и динамичен ден но и помага во функционирање на мозокот што е важно за намалување на телесната тежина.

Секој оброк треба да ги содржи сите хранливи материи како јагленохидрати, протеини, масти, витамини и минерали бидејќи секоја од овие компоненти е важна за секојдневното нормално функционирање на организмот. Јагленохидратите го снабдуваат телото со енергија, протеините содржат аминокиселини потребни за конструкција на мускулните клетки, а витамините и минералите помагаат во одржување на правилен електролитен баланс. Доколку оброкот не ги задоволува минималните хранливи материи може да доведе до неправилно функционирање на организмот.

Муслите имаат висока хранлива вредност и богатство од јагленихидрати, протеини, диетални влакна, минерални соли и витамини кои се неопходен дел од секојдневната исхранa. Муслите претставуваат здрава храна за појадок или било кој друг дневен лесен оброк, содржат висок процент на диетални влакна, претставуваат богат извор на јагленихидрати и тоа бавно согорувачки шеќери кои овозможуваат континуиран прилив на енергија, масти, протеини, витамини, минерали. Сувото дехидрирано овошје е извонреден извор на шеќери (брзо согорувачки), витамини и минерали. Семињата се глевно извор на масти, без додаток на шеќер и без адитиви и конзерванси.

При консумирање на муслите важно е дека нивото на шеќер во крвта се зголемува постепено и на тој начин не се оптеретува панкреасот а во исто време не држи сити.

Муслите можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок, соино или оризово млеко или јогурт.

Пробајте ги Slim Lajn муслите на Виталиа кои претставуваат мешавина од житни снегулки, 30% овошје, помалку калории и збогатени со L Karnitin кој игра важна улога во контрола на телесната тежина.

За ужина предлагаме едно парче овошје или житни плочки (барсови) и тоа слим бјути бар кој претставува микс на интегрални жита, кајсии и сливи прелиени со јогурт, збогатени со коензим Q10 и L karnitin.

За ручек конзумирајте леб од интегрално брашно, супа од зеленчук, свежа салата како и протеинска храна во вид на динстано бело месо, соја шницли и топчиња, печурки или риба во комбинација со варен зеленчук која го подобрува варењето на храната. Продолжете да јадете течна и варена храна (манџи) без запршка но подготвена со ладно цедено маслиново или сончогледово масло а како зачин користете го биозачинот на Виталиа кој е природен, со посебна арома и вкус што потекнува од богата содржина на зеленчук. Добро избалансираните состојки во био зачинот освен што ја подобруваат аромата и вкусот на храната, го стимулираат лачењето на соковите и ензимите со што се подобрува дигестијата, се намалува надуеноста и појавата на гасови при варење на храната.

Исто така за ручек Ви предлагаме да конзумирате спирулина како замена за месо бидејќи содржи дури 65% на протеини вклучувајќи ги сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Покрај протеини, железото содржано во спирулината двојно повеќе се апсорбира и помага истовремено за подобрување на крвната слика. Таа е идеална храна која го подхранува, му дава енергија, го прочистува организмот на природен начин и придонесува за намалувањ ена телесната тежина.

За вечера одберете лесна храна како житни снегулки (корнфлекс) потопени со соино или оризово млеко од палетата на Виталиа или свежа салата прелиена со ладноцедено маслиново масло.

Исто така зголемете го внесот на течности (вода) заради хидратација и контролирање на апетитот. Покрај вода Ви препорачуваме да го пиете чајот слим фит кој е совршена комбинација од природни билки – зелен чај, лушпи и семе од шипка, лимон, јаболково комиње. Изобилува со биофлавоноиди и витамин Ц, го спречува негативното дејство на слободните радикали, го помага варењето на храната, ја регулира столица и телесната тежина со присутните диетални влакна, делува инхибиторно на наглите скокови на шеќерот во крвта на кој начин ја спречува неговата трансформација во масти.

Најдобро што можете да го направите за себе во овој период е да ги избегнувате слатките, пржената храна, белото брашно и белиот шеќер.

Да бидете поздрави не значи само да се храните поздраво туку и да бидете физички активни. Регуларната физичка активност е значајна за целокупното здравје и виталност но исто така помага и во контролата на телесната тежина – балансирање на калориите шти ги внесувате како храна со калориите кои ги трошите секојдневно. Ви препорачуваме аеробни (кардио) вежби и 30 минутни вежби како прошетка, возење велосипед, пешачење кои се одлични за подобрување на здравјето и намалување на стомакот.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања