Од неколку залачиња, па колку и да ви се чинат вкусни и слатки, едноставно морате да се откажете ако не сакате по телото да ви се шири кожа која наликува на кора од портокал. Експертите објаснуваат дека нашиот организам прифаќа и складира одредени материи во телото кои влијаат на оваа појава, па затоа ваквите намирници треба внимателно да ги избегнувате.

На појавувањето на целулитот влијаат многу фактори, меѓу кои и хормонски дисбаланс, генетика, неправилна исхрана, недоволна физичка активност. Ако вашите проблеми спаѓаат во оваа група, тогаш не би требало да внесувате шеќери, масти и сол, кои придонесуваат водата да се задржува во организмот, и на тој начин да се зголемува количеството на течности во ткивата. Затоа, би требало да ги избегнувате намирниците кои ги содржат овие состојки.

Во групата на вакви намирници спаѓаат сувото месо и рибата, месните производи, морски плодови, школки и ракови, супа од ќесичка и конзервирана храна. Мастите, кои се составен дел од клетките во организмот, се неопходни за одржување на доброто здравје. Тие се многу калорични, и не се наоѓаат само во масните намирници. Имено, дури две третини од мастите кои ги внесуваме во организмот потекнуваат од таканаречени “скриени“ извори, а такви извори се црвеното месо, различни видови на кекси и млечни производи. Затоа е важно да избегнувате вакви производи ако држите диета.

Накратко кажано, на листата на забранети производи се наоѓаат кашкавали, мувлосани или сини и зелени сирења, сите видови на торти и колачи, чипсот и други видови на грицки, похувано месо и риба, мајонез и било кои слични намази и сосови. Во оваа група исто така спаѓаат и црните маслинки, сувото овошје, џемовите и слатката, како и алкохолните пијалоци.