Кој вели дека со само неколку состојки не може да се направи превкусен десерт? А кога ќе споменеме дека се приготвува многу брзо, тогаш повеќе е јасно е дека мора го пробате. Овој десерт е омилен на сите. И на оние најмалите и секако на оние постарите мераклии на чоколадо.
Наполитанка топчиња
By October 16, 2015
Published:Кој вели дека со само неколку состојки не може да се направи превкусен …
Ingredients
- 200 г чоколадни наполитанки
- 150 г лешници (печени и несолени)
- 150 г чоколаден крем (нутела и сл.)
- 100 г чоколадо за готвење (за глазура)
- 2-3 лажици масло за готвење (за глазура)
Instructions
- 1.Во толчник, истолчете ги лешниците на полу- крупни парчиња. Доколку користите блендер, внимавајте да не ги измелете до крај.
- 2.На иста начин смелете ги и чоколадните наполитанки.
- 3.Во длабок сад, измешајте ги лешниците и наполитанките и додадете чоколаден крем. Смесата измешајте ја и оставете ја во фрижидер да се стегне.
- 4.Со лажица вадете од смесата и правете топчиња.
- 5.Чоколадото растопете го на пареа заедно со неколку лажици масло за готвење. Секое топче потопете го во растопеното чоколадо а потоа оставете врз мрсна хартија да се исуши.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна