Пламенот од свеќи во најразлични бои и големини некако му дава дополнителна романтика на новогодишното празнување. Меѓутоа, иако по градов можат да се набават свеќички по пристапни цени, некако ми се чини дека и не е баш така кога станува збор за празничните свеќници. Па дајте ви се молам – 150, 200, 300 и така натаму денари за свеќник!!! А (барем мене) ми требаат минимум 4-5 (а не би било лошо да има и повеќе, ќе ги расфрлам по дома, онака – да ги има насекаде).

И пак сум во истата дилема, дали да скратам од буџетот за подароци, па да си купам украси за дома, или за елката или за …. (имаше уште нешто, сигурна сум, ама сега баш не ми текнува). Е затоа драги мои, решив оваа година да не давам пари за нешто што можам и самата да си го направам – и тоа со минимален или ич трошок. Па погледнете ги само овие идеички за новогодишни свеќници! Набавете малку зеленило, малку шаренило, неколку стапчиња, пар машнички, копченца, врвки – и фрлете се на работа!

П.С. Ако смислите нешто поинакво, пратете ми фотка обавезно!!!

а може и вака

а може и вака
уште неколку идеи

уште неколку идеи