Да бидеш различен денес значи да си во чекор со модата, па така дури и одгледувачите на зеленчук создаваат нови видови зеленчук кој се разликува од стандардните не само по формата, туку и по бојата и вкусот. Формата на новиот  вид зеленчук варира од цилиндрична, крушкообразна до скоро топчеста, а бојата им е толку чудна што првото нешто што ни паѓа на ум е „Дали ова навистина може да се јаде?“. Еве некои од нив.

Црн домат- кумато
Вака биле наречени доматите со темнокафена, скоро црна боја кои се појавиле на пазарите на Европа (Шпанија, Франција, Белгија, Швајцарија). Инаку, татковината на овој вид домати се Галапагоските острови. На научниците им биле потребни 6 години за да го подобрат кавалитетот. Куматото е многу сличен на обичниот домат со таа разлика што има подебела лушпа. Богат е со витамините С и А, со калиум, магнезиум, но исто така е и нискокалоричен, а не содржи холестерол, ниту пак масти. Богат е со ликопен, каротеноиди (овие се антиоксиданти) и се верува дека го намалува ризикот од карценогени заболувања., Куматото е многу сочен зеленчук и како таков е пригоден за салати, сосови, супи и др. Вкусот му е посладок во споредба со црвениот домат, заради поголемата содржина на фруктозата. Куматото не е генетски модифициран зеленчук. Тоа е резултат исклучиво на напорни традиционални методи на одгледување. Според некои експерти овој домат содржи некоја супстанца која го прави афродизијак.

Виолетов морков

Многу поколенија сметале дека постои само портокалов морков. На малкумина им е познато дека првиот морков имал виолетова боја и било диво растение. Морков со виолетова боја е пронајден во египетските храмови кои датираат уште од 2000 година п.н.е. Подоцна, во 10-от век виолетовиот морков се одгледувал во Авганистан, Пакистан, Иран. Во 14-от век во Европа се одгледувал морков со бела и жолта боја, но и со боја на малина, црна, црвена и зелена боја. Кај виолетовиот морков, бојата е резултат на присуство на пигментот познат под името антоцијанин кој претставува силен антиоксиданс. Според тоа, тој му обезбедува на човекот дополнителна заштита од онколошки и срцеви заболувања, на пример.

Тиквички „триколори“

Хибридната сорта на тиквички, наречена „триколор“ (Tricolour F1) се топчести плодови со темно жолти, темно зелени и светло зелени боја. Даваат плод во текот на целото лето, со нежен вкус и арома. Идеални се за полнење, за салата  но и за пржење и динстање.

Црвена краставица

Овој зеленчук условно е наречен „црвена краставица“. Освен по нејзината форма, нема никаква врска со зелената краставица, онаа која најмногу се користи како салата. „Црвената краставица“ нема  свој вкус и се ползува исклучиво како декорација.

Бела краставица

Темно зелените краставици се единствените кои може да се сретнат на нашите пазари, а кои ние најмногу ги употребуваме како салата. Од неодамна е позната и белата долга краставица која е слатка, сочна и нема потреба да се лупи. Може да достигне должина до 20 см. Дава плод од јули до септември.

Обоен карфиол

шарен-карфиолКарфиолот со боја на виножито е добиен по вештачки пат, но не е продукт на генетското инжинерство, или така барем вели Ендрју Кокер претседател на компанијата Rainbow Cauliflowers кои први го пласираа овој зеленчук на  маркетите во Англија. Новите сорти на карфиол се со боја на виножито, портокалова, зелена и виолетова. Карфиолот со портокалова боја содржи 25 пати повеќе каротин во споредба со белиот карфиол. Бојата на виолетовиот карфиол е резултат на присуство на пигментот антоцианин кој се јавува како силен антиоксидант. По вкус, новите сорти карфиол се идентични со белиот, а она што ги прави единствени е фактот дека при термичка обработка не ја губат бојата.

Виолетов компир

виолетов-компирВо групата на сини компири постојат неколку видови. Два од нив, Franzosische Truffel-kartoffel и Linzer Blaue при термичка обработка не ја губат бојата и лесно се разваруваат. Група истражувачи од Универзитетот во Њукасл тврдат дека овој вид компири е отпорен на штеточинки, па за нивното култивирање не е потребна примена на хемикалии, а може да расте и на сиромашни почви.

Римска брокула

Овој егзотичен зеленчук наречен римска брокула е роднина на обичната брокулата и карфиолот. За прв пат се спомнува во 16-от век во Италија, а се одгледувал во некои предградија на Рим, па веројатно и затоа е наречен римска брокула.

Римска-брокула

На меѓународниот пазар се појавува дури во 90-тите години на 20-от век. Вкусот потсетува на оној на зелката, а е повкусен од обичната брокула. Римската брокула се приготвува на ист начин како и обичната брокула. Таа е покревка од карфиолот па затоа и треба да се вари кратко време. Може да се конзумира и сирова. Погодна е за конзервирање како кисела туршија. Римската брокулата буквално е наклукана со антиоксиданти, ги содржи витамините С и К, каротеноиди, и е богата со прехранбени влакна.
Инаку, македонско пазарно име е „пагода“. Зошто го добила ова име кај нас не ни е познато и никако не можевме да најдеме нешто заедничко меѓу оваа брокула и пагодата. Исто како што не можевме да најдеме и ваква брокула, па затоа самиот факт што таа има “македонско“ име е уште поголема мистерија. Затоа, ако знаете нешто дополнително за ова прашање, ве молиме да ни јавите!