Малата внука на Валентина, Калина која полни три години си доби супер вкусно изненадување. Торта од нектарини, која изгледа фантастично. И ние се придружуваме на честитките, среќен роденден Калина :)

Нектарина за Калина

By Валентина Крстевска Published: September 3, 2013

    Малата внука на Валентина, Калина која полни три години си доби супер …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Измешајте ги состојките за бисквитот,зависно од видот на бисквитите можеби ќе треба да додадете различно количество млеко, но тоа треба самите да го процените.
    2. 2.Дното на калап за торта со дијаметар 22 см обложете го со хартија за печење, втиснете ја бисквитната смеса и садот оставете го во фрижидер додека го подготвувате кремот.
    3. 3.Една до 2 нектарини исецкајте на коцкички, а другите измелете ги во блендер.Јас обично не ги лупам,а вие проценете самите.
    4. 4.Желатинот оставете го да набубри со 4-5 лажици вода, потоа на кратко загрејте ја смесата,но не дозволувајте да зоврие.Павлаката пенасто изматете ја,додајте го инстант прашокот за сок,ванила кристалите, јогуртот, сокот од лимон и миксираните нектарини.Додајте го и желатинот и с`е повторно убаво измешајте со миксер.Коцкичките од нектарини додајте ги на крајот,измешајте нежно со шпатула за да се изедначи смесата и прелијте ја бисквитната смеса во калапот.
    5. 5.Потребно е да се лади најмалку 3-4 часа,после што може да се украси тортата по сопствена желба и може, да се одвои од калапот со тенок нож, да се отвори калапот и заедно со хартијата за печење да се постави на рамен тањир.
    6. 6.НАПОМЕНА: ваквите десерти не може долго да стојат на собна температура,бргу се стопува кремот.