Кифлички направени од  пире од тиква. Необично пециово кое ќе ви се допадне токму поради употребата на нетипични состојки, кои даваат специфичен вкус. Рецепт на Валентина. Добар апетит.

Необични кифлички на Валентина

By Валентина Крстевска Published: February 26, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 1 hr 40 mins

Кифлички направени од  пире од тиква. Необично пециово кое ќе ви се …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Тиквата убаво завиткајте ја во алуминиумска фолија и испечете ја.Потребно е да се пече на 250 степени 40-тина минути. Одвојте го „месото„ од лушпата и испасирајте ја,па оставете да се олади малку.
  2. 2. Во сад за месење ставете го пирето од тиква и сите други состојки освен брашното и убаво изматете со миксер.
  3. 3.Додајте половина од брашното, продолжете да матите со миксерот, па лажица по лажица продолжете да го додавате и преостанатото брашно се додека можете да матите со миксер. Продолжете да месите со рака за да почувствувате дали е потребно да се додаде целото количество брашно. Понекогаш зависно од тоа колку е влажна тиквата, можно е да треба да се додаде брашно. Тестото треба да биде меко но да не се лепи по дланките или садот. Оставете го да стасува за да се дуплира волуменот.
  4. Необични кифли на Валентина4.Во стопениот путер додајте малку сол. Од тестото обликувајте 2 кори со дебелина 1см, премачкајте ги со засолениот путер, исечете триаголници, па формирајте кифлички.
  5. Необични кифли на Валентина5.Кифличките редете ги на подмачкано тавче и оставете ги да стасаат. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ги околу 15 минути, а пред крајот на печењето убаво премачкајте ги со засолениот путер и додајте им посип по ваша желба.