Наместо обични, направете ги овие малку поинакви, но подеднакво вкусни кифли-предлог на нашата читателка Ева. Во тестото се става исечкана чајна и малку пченични трици… Можат да се користат и како сендвич лепчиња, наполнети со мајонез, павлака, кашкавал, салата, феноменални за ужинка, за на училиште, за на работа…
Необични кифли ала Ева
By February 4, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 45 mins
Наместо обични, направете ги овие малку поинакви, но подеднакво …
Ingredients
- 2 суви квасца
- 4 лажици брашно
- 300 г чајна салама (ситно сецкана)
- 1 лажиче сол
- 200 мл масло за готвење
- 100 мл масло за готвење (за попрскување)
- 5 лажици пченични трици
- 1 кг брашно (700 г. пченично брашно и 300 г. пченкарно брашно..
- малку сусам
Instructions
- 1.Квасецот се меша со шеќер, сол, брашно 4-те лажици и водата. Се остава да стаса.
- 2.Откако квасецот ќе биде спремен, се додава маслоото за готвење, солта, брашното, чајната и триците. Се меси тестото и се става да отстои половина час.
- 3.Кога тестото ќе биде доволно нараснато, се обликува по желба, кифли, земички плетенки и се посипуваат со сусам и пропрскуваат со зејтин.
- 4.Се печат во загреана рерна на 250 степени, се намалува на 200 по 5-7 минути.
- 5.Тајна: Откако ќе бидат скоро готови на минута до две пред крајот од печењето се вадат и повторно се попрскуваат со зејтин и се враќаат уште некоја минута во рерна.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна