Никелот е еден од елементите за чија улога во организмот најмалку се знае. Се знае дека организмот на возрасен човек содржи околу 10 мг никел, а е присутен во некои органи и ткива што дава основа да се мисли дека никелот има важна улога. Во мали количини, никелот го има во крвта, мозокот, надбубрежната жлезда, белите дробови, бубрези, кожата, коските и забите, а поголем дел од никелот е сконцентриран во паратиреоидеата жлезда, панкреасот и хипофизата, органи кои се одговорни за метаболизмот на организмот, односно синтеза на хормони, витамини и други биолошко-активни соединенија. Меѓутоа, неговата улога во организмот се уште не е потполно изучена. Најголема содржина на никел е утврдеао во некои генетски модифицирани продукти, па веројатно и затоа се мисли дека учествува во структурата и функциите на протеините.

Зошто е потребен никелот?

За улогата на никелот во организмот на човекот не е многу познато, но без сомневање тој учествува во некои важни функции во организмот. Така, никелот заедно со кобалтот, железото, бакарот учествува во процесот на создавање на крвта (влијае на созревање на младите еритроцити и го зголемува нивото на хемоглобинот), а сам учествува во размена на липидите и помага мембраната на клетки и на нуклеинските киселини да си ја сочуваат нормалната структура. Никелот влегува во составот на рибонуклеинската киселина која пак овозможува пренос на генетските информации. Тој учествува во процесот на размена на витаминот В12. Никелот исто така активира голем број ферменти, учествува во процесот на размена на маснотиите (липидите), го оксидира витаминот С, го намалува крвниот притисок.

Дневна потреба

Не се знае со сигурност колкава е дневната потреба од никел. Меѓутоа, научниците претпоставуваат дека оптималната доза изнесува од 100 до 300 мкг (микрограми) на ден и зависи од возраста на човекот.

Каде го има никелот?

Никелот го има во месото, зеленчукот, рибата, лебот и печивата, во млекото, овошјето и јагодите. Податоците за содржина на никел во различните продукти варира во зависност од составот на почвата. Токму затоа, во продолжение само ќе бидат наброени продуктите кои содржат никел, а нема да бидат дадени соодветните вредности.
Никелот е присутен во грашок, грав, леќа, пченка, црн дроб, месо, јајца од кокошка, ориз, овесни снегулки, ф`стаци, пченица, праска јаболко, круша, кајсија, грозје, зелка, чоколадото, ореви, чајот. Четвртина од потребното количество никел се внесува преку водата.

Недостаток на никел и симптоми

Потребите за никел човечкиот организам ги задоволува исклучиво преку храната, но понекогаш се јавува и недостаток од овој елемент. Истражувања поврзани со недостатокот на никел до сега се правени само на животни. Така, со сигурност не може да се каже кои се симптомите при недостаток на никел, но исто така не е утврдено зошто се јавува тој недостаток. Кај животните се утврдени дегенеративни промени во бубрезите и црниот дроб, влошување на составот на крвта, а со тоа и нарушување на состојбата на кардиоваскуларниот, нервниот систем и системот за варење, но и нарушување на функцијата на шитната жлезда. Така е кај животните, а кај човекот? Доколку има недостаток на никел во организмот може да дојде до покачување на шеќерот во крвта, кое пак го намалува хемоглобинот. Кај деца води кон застој на нивниот раст. Со сигурност е утврдено дека недостатокот на никел доведува до појава на дермитис (воспаление на кожата). Лекови кои би го надополниле недостатокот од никел не постојат. Според тоа, недостатокот се надополнува исклучиво преку исхраната.
Треба да се знае дека чајот, кафето, млекото, сокот од портокал, и витаминот С го намалуваат процентот на усвојување на никелот во организмот, додека недостатокот на железо, цинк, магнезиум и калциум го подобруваат неговото усвојување. Апсорпцијата на никелот се зголемува кај бремени жени и мајки доилки.

Вишок на никел

Никелот е еден од елементите кој во вишок е многу токсичен. Се смета дека дневна доза од 20 до 40 мг (милиграми) е отров за организмот. Интоксикацијата на организмот со никел настанува кога никелот навлегува или преку загадена храна или преку загаден воздухот. Кога никелот навлегува во организмот преку храна која содржи никел, тој не е отровен. Меѓутоа, сосема е друга работата кога станува збор за загадена средина (продукти и воздух) со тешки метали, меѓу кои е и никелот. Главен извор на загадување на средината со никел е индустријата, особено, обоената металургија и рудниците.
Во организмот, вишокот на никел се манифестира со тахикардија, анемија, дерматит, осетливост кон инфекции, појава на нервоза, отоци во белите дробови и мозокот, зголемен ризик од канцерогени заболувања.
Во почви богати со никел може да се зголеми содржината на никел кај растенијата и до 30 пати, а тоа може да доведе до ендемски заболувања кај истите.