Винаријата Стоби продолжува да ги полни своите витрини со награди. Белото вино „Мускат Отонел” освои сребрен медал за квалитет на Балкан Интернационал натпреварот за вина, кој се одржа во Бугарија од 14 до 17 јуни. “Мускат Oтонел” влезе во друштво на наградуваните вина “Шардоне”,” Мерло” и “Вранец” кои освоија неколку престижни награди на познати интернационални натпреварувања. – Оваа награда ни е особено драга бидејќи „Мускат Отонел“ на Винарија Стоби е едно од најпрепознатливите меѓу нашите вина, кое потрошувачите најчесто го бараат. Специфичниот вкус на нашиот Мускат е избалансиран, долготраен, софистициран и нежен, но доволно сладок да биде омилен меѓу сите, во секоја пригода а не само како десертно вино. По оваа награда за квалитет имаме потврда и од потрошувачите и од институциите дека е едно од најдобрите вина, изјави Дане Јованов, директор на Винарија „Стоби”.

www.stobiwinery.mk