Убави вести за потрошувачите на млечни производи во Македонија. Пуштени се во продажба два нови видови јогурти од брендот „Дукат“ (Dukat). Првата новина е Dukat Light јогуртoт со екстремно ниски млечни масти за секојдневна консумација, а втората е линијата на овошни јогурти со три различни вкусови.

Карактеристично за новиот Dukat Light јогурт во практична ПЕТ амбалажа од еден литар е тоа што количината на млечни масти во него е намалена до 0,1 %. Истовремено, со додавање на млечни протеини, зачувани се густината, полниот вкус и свежината на јогуртот – карактеристики кои се особено важни за потрошувачите, особено оние кои се грижат за секојдневно внесување на калории, а при тоа не сакаат да прават компромиси со неговиот вкус. Според нутриционистите, додадените протеини на сметка на екстремно намалените млечни масти, ги прават ваквите видови јогурти идеални за спортистите, за оние кои се во развој и за оние кои сакаат да го зајакнат својот имунитет.

Втората новина во овој сегмент на млечни производи на македонскиот пазар се течните овошни јогурти во ПЕТ амбалажа од 330 ml. Тие се произведени од природно хранлив јогурт во кој е додадено овошје и тоа: јагода, кајсија и шумски плодови. Заради својот вкус, но и хранливи вредности кои доаѓаат од присуството на белковини, калциум и јогуртни култури, овие овошни млечни напитоци се идеален, здрав и природно хранлив меѓуоброк за сите генерации. „Дукат“ е еден од брендовите на најголемата светска млечна индустрија „Лакталис“, која во Македонија е сопственик на млекарницата „Идеал Шипка“ од Битола.