Можеби еден од најпопуларните новогодишни и божиќни пијалоци во светот е токму егногот. Еве ја нашата верзија на ова слатко и празнично задоволство.
Новогодишен егног
By December 27, 2012
Published:Можеби еден од најпопуларните новогодишни и божиќни пијалоци во светот е …
Ingredients
- 420 мл кондензирано млеко
- 2 јајца (добро изматени)
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила (или 1 ванилин шеќер)
- 1 л млеко
- неколку зрнца сол
- 2-3 чашки за ракија рум
- малку слатка павлака (за декорација)
- малку цимет во прав и/или стапче (за декорација)
Instructions
- 1.Ставете ги сите состојки (внимавајте јајцата претходно да се добро изматени) во подлабок пластичен сад и добро измешајте со миксер. Оставете го пијалокот да отстои во фрижидер барем 2-3 часа пред да го послужите.
- 2.Забелешка: ако кондензираното млеко не е слатко, додадете две супени лажици шеќер во јајцата кога ќе ги матите. Декорирајте со малку изматена слатка павлака и цимет во прав.