Одамна си го прифатив ризикот дека сум веќе здодевна со овие разно-разни сечачи (за банани, за пица, за торта, за путер), ама јас просто не можам да им одолеам. И покрај тоа што си имам милион и едно такво специјално ноже за ова и за она, морам да признаам дека една од омилените алатки ми е дефинитивно ножицата за зачини.

Ако сте како мене па си сакате свежи зачинчиња во секое манџиче, па уште и си чувате саксии со зачини под прозор, тогаш ножициве се дефинитивно нешто што треба да го имате. Ај што ќе ви помогнат е една работа, ама не сте ни свесни колку заводливо ќе изгледате додека сечкате тревки со нив! Што да ви кажам, испробана работа…

Значи, ако уште не сте си набавиле вакви, не чекајте ни секунда повеќе. Можете да ги најдете овде, а чинат околу 10 долари!