Мек, нежен, богат, вкусен, едноставно совршен колач кој се топи во устата. Морам да признаам дека моите домашни, а и јас заедно со нив, се воодушевија :)

Нутела коцки

By Тетка Биберче Published: June 12, 2013

    Мек, нежен, богат, вкусен, едноставно совршен колач кој се топи во устата. …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад, со миксер, изматете го путерот, шеќерот, брашното и нутелата. Додадете какао за готвење и 2 јајца. Матете се додека не добиете хомогена и густа смеса.
    2. 2.Садот за печење (20X20 cm) намачкајте го со путер и набрашнете го. Истурете ја смесата и со нож распределете ја подеднакво.
    3. 3.Во друг сад, со миксер, изматете го крем сирењето заедно со нутелата, шеќерот и јајцата и истурете ја врз претходната смеса.
    4. 4.Печете на 160 степени, во загреана рерна, околу 35 минути. Доколку ви се чини дека не е испечен, не грижете се откако ќе се олади целосно ќе се стврдне.
    5. 5.Испечениот колачот оставете го да се олади а потоа ставете го во фрижидер барем неколку часа.
    6. 6.Добро оладен, исечете го на коцки и сервирајте го.