Оние кои сакаат колачи со обланди сигурни сме дека ќе им се допадне оваа наша верзија со суво грозје, ореви, алва и бисквити. Особено добро одат со чаша млеко и чај. Добар апетит.

Обланди со суво грозје

By Гастронаут Published: September 30, 2013

    Оние кои сакаат колачи со обланди сигурни сме дека ќе им се допадне оваа …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Млекото ставете го на тивок оган и додадете шеќер. Сувото грозје потопете го во рум.
    2. 2.Во загреаното млеко ставете го чоколадото искршено на парчиња.
    3. 3.Додадете ја алвата и маргаринот и сето тоа полека мешајте го.
    4. 4.Кога сите состојки ќе се стопат, тргнете го тавчето од оган и во смесата додате суво грозје, ванилин шеќер и ореви. Промешајте.
    5. 5.Бисквитите издробете ги и тие додадете ги во смесата. Повторно промешајте.
    6. 6.Откако филот ќе се олади започнете со филувањето на обландите.
    7. 7.Првата обланда изфилувајте ја со нерамната страна нагоре. Потоа повторете ја поставката со пет кори од обланда.
    8. 8.Откако ќе ги искоритете обландите и филот, оставете го колачот преку ноќ во фрижидер добро да се стегне. Потоа пресечете на правоаголници и дегустирајте.