Кажете ни, зарем не е прекрасно колку може да се експериментира во кујната? Никогаш доста од нови состојки и нови комбинации во стари и добро познати рецепти. Еве еден предлог како малку да ја разбиете монотонијата – омлетчиња што дури и вашите клинци можат да ги направат.
Омлетчиња
By August 6, 2012
Published:Кажете ни, зарем не е прекрасно колку може да се експериментира во …
Ingredients
- 8 јајца
- 60 мл павлака за готвење (хопла или малку млеко)
- 60-70 мл доматна салса (или малку кечап)
- 1-2 моркови
- 1 шака исечкан спанаќ
- 1 главица кромид (средна или мала)
- 50 г бело сирење (издробено)
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабок сад изматете ги јајцата со салсата и павлаката за готвење, а потоа додадете ги сите други состојки (слободно искористете друг зеленчук, сланинка или било што ќе ви се најде).
2.Намастете ја тавата за мафини со масло или маргарин, а потоа истурете ја смесата. Печете околу 20-тина минути или додека не биде готово (можете да проверите така што ќе боцнете со нож во средината и ако изелезе чист, тогаш е готово).
- 3.Послужете ги омлетчињата со уште малку салса одозгора и украсете ги со парченца зеленчук по избор.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна