Др. Нела Деспотовска –
Доктор по општа медицина
и нутриционист во Виталиа


Опстипацијата (запек или затвор) е една од најчестите цревни нарушувања. Најчеста причина е неправилната исхрана (недоволен внес на растителни влакна во храната), недоволен внес на течности и недоволна физичка активност. Особите кои страдаат од запек најчесто се жалат на нередовно и отежнато празнење на цревата, појава на стомачна болка и чувство на подуеност во стомакот.

Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи кои би помогнале за решавање на Вашиот проблем:

Интегрални житарици (овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамини, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат  перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифестира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Произведени се од цело зрно и во себе ги имаат задржано сите хранливи вредности. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко.

Пченичните трици се многу добар лаксатив и диетален производ. Претставуваат богат извор на диетални влакна кои го регулираат варењето на храната и го подобруваат празнењето на цревата. Едноставни се за употреба 2-3 супени лажици 2 пати во текот на денот помешани со јогурт или кисело млеко или некоја течност по ваш избор. Можете да ги помешате и со снегулки од некои житарици.

Житарици

Снегулки со трици – претставуваат добро избалансирана храна со извонреден вкус. Содржат богатство од протеини, јаглено хидрати, растителни влакна, витамини и минерали. Растителните влакна ќе Ви помогнат во подобрување на перисталтиката на цревата со што се обезбедува редовна столица.

Џумбир во прав – џумбирот е растение кое во источната традиционална кујна и медицината е признато и ценето како вкусен зачин но пред се како лек за главоболки, настинки, болки во желудник и сите оние заболувања предизвикани од слаб метаболизам. Џумбирот во прав стимулира продукција на желудочни сокови, ги релаксира дигестивните мускули делувајќи на нивниот тонус, ги апсорбира и неутрализира токсините во желудникот со што помага кај грчеви, подуеност и лошо варење.
Начин на подготовка: ½ кафена лажичка џумбир во прав се прелева со 150мл врела вода, се остава да одстои околу 15 минути, се процедува и се пие голтка по голтка. Чајот од џумир може да се пие два пати дневно.

Таан – производ кој се добива од високо квалитетен сусам. Богат е со хранливи состојки: протеини, Витамини А, Е, Б1, Б2, Б3 и минерали калциум, железо, фосфор, натриум и калиум. Делува на намалување на желудочната киселини. Сусамовиот таан може да се конзумира самостојно 1-2 супени лажици или да се помеша со мед, малтекс или гроздов мед (маџун) во однос 1:1.

Лененo семе  е исто така познато како добар лаксатив. Содржи омега 3 незаситени есенцијални масни киселини, а растителните влакна кои се  присутни помагаат во регулирање на столицата и варење на храната. 2 супени лажици од  меленото ленено семе можете да  додадете во оброк од  житарици или да го помешате со јогурт.

Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….
Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања