Нема потреба да се објаснува дека рибата е одличен извор на високо квалитетни протеини, незаситени масти, железо, калиум, фосфор, витамини…. Затоа дозволете си високо квалитетно ручече од морска храна во комбинација со сос од домати.
Ослич во сос од домати
By June 11, 2014
Published:Нема потреба да се објаснува дека рибата е одличен извор на високо …
Ingredients
- 1 кг ослич (филети)
- 1 главица кромид
- 2 црвени пиперки
- свеж магдонос
- малку пченкарно брашно
- сос од домати
- сол, црн пипер, вегета
- малку путер
Instructions
1.Филетите ослич ги сечкаме на парченца. Во сад мешаме 2 лажици пченкарно брашно, вегета, сол, црн пипер и во оваа смеса ги валкаме парченцата риба. Ги запржува на тивок оган се додека не станат крцкави.
2.Во друг сад за ги запржуваме кромидот и пиперките (кои претходно сме ги исечкале на ситни парченца), го додаваме сосот од домати и 1 лажица пченкарно брашно. Кога сосот ќе ја добие посакуваната густина (а доколку се згусне премногу слободно додадете вода), ставете ги парченцата риба, малку путер и динстајте 10-15 минути.
- 3.Пред сервирање наросете свеж магдонос. Ова јадење совршено одговара со ориз или друг варен зеленчук.