Што е најважниот предуслов за една свежа салата да има совршен вкус? Па маслото и оцетот, се разбира! Да ви кажам право, многу се нервирам кога ќе отидам некаде на гости, па ќе ми дадат веќе зачинета салата, бидејќи едноставно не можат да ми го погодат вкусот, нели? Или ми е прекисела, или премалку кисела, или има многу масло, или има малку…. Да не може човек да си ужива во салатата како што е редот!

А да не речам дека и јас го правам истото кога ќе ми дојдат гости. Туку, не е дека не сум пробала и други опции. Купив 5 различни сетови за масло и оцет само во последниве 3 години. И пак ништо! На едните им се запушува грлото, па не течат, другите немаат добра подлога, па 3 пати ми паѓаа и ми правеа лом по масата, од третите не можеш да истуриш, а да не искапат пола чаршаф (па ми се смачи од вадење флеки и перење!)….. Страшно!

Затоа многу се мислев кога го видов ова сетче во Карес. Си викам, а што ако ги земам, па пак нешто не ми се погоди? Арно ама, пуштив срце, и реков – ова ми е дефинитивно последниот сет. Како да ви кажам, ама ич не се покајав. Ем што можеш точно да си дозираш, ем можеш да тураш, а да не истураш наоколу, ем се лепат за подлогата, па не можат да паднат, а да не спомнувам дека и супер изгледаат (ова зеленава боичка ми е баш секси :)).

И така, драги мои, ако сте ги имале истите проблеми како и јас, заборавете на нив. Со ова сетче не само што ќе си ја збогатите кујната, туку и никогаш веќе нема да се мачите со јадење на несовршена свежа салата!