Мама е надалеку позната по нејзините слатки и колачиња, ама морам да признаам дека суви бисквити во милион различни варијанти и се дефинитивно специјалност. Ова е само еден од нејзините совршени слатки деликатеси во кои често имаме прилика да уживаме, а се надеваме дека и вие ќе се чувствувате исто така 🙂
Овесни бисквити со суво овошје
By October 1, 2015
Published:- Prep: 25 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 40 mins
Мама е надалеку позната по нејзините слатки и колачиња, ама морам да …
Ingredients
- 130 г овесни снегулки (мелени)
- 260 г брашно
- 50 г шеќер
- 5 лажици мед
- 100 г путер
- 1 јајце
- 100 мл млеко
- 1/2 лажичка сода бикарбона (или прашок за печење)
- 50 г сушена брусница (или суво грозје или ило кое суво овошје)
- 50 мл бренди (може и рум)
Instructions
- 1.Сувото грозје се посипува со врела вода, се остава околу 5 минути, се цеди и се залева со коњак или рум. Снегулките се мелат во блендер.
- 2.Путер со меша со шеќерот, се додава мед, млеко и јајце. Откако добро ќе се хомогенизира, во смесата се додаваат мелените овесните снегулки.
- 3.Брашното се меша со сода бикарбоната (или прашокот за печење) и додова во претходно подготвената смесата.
- 4.На крај се додава сувото грозје - заедно со брендито или румот и се меша. Се добива релативно меко и лепливо тесто.
- 5.Со лажица се црпи од тестото, се прават топчиња, малку се сплескуваат и се редат во плех обложен со хартија, на мало растојание (тие нараснуваат). Доколку тестото е премеко и не е можно да се направат топчиња тогаш само се црпи со лажица од тестото и се става во тепсијата.
- 6.Се печат во загреана рерна 180 степени, се додека не ја променат бојата (околу 15- тина минути), но не треба да се препечат. Бисквити се чуваат во херметички сад, така што тие остануваат меки подолго време.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна