Рецепт на нашата читателка Лилјана, кој особено ќе им се допадне на оние кои обожаваат овесни снегулки. Суви колачиња како замена за класичен доручек.
Овесни топчиња
By December 13, 2012
Published:Рецепт на нашата читателка Лилјана, кој особено ќе им се допадне на оние …
Ingredients
- 100 гр путер
- 180 гр овесни снегулки
- 180 гр брашно тип 400
- 120 гр шеќер
- 2 јајца
- малку сол (меѓу три прсти)
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- рендана кора од 1 лимон
- 1/2 кафена лажичка мелен ѓумбир
Instructions
- 1.Најпрво се мешаат сувите состојки, односно брашното, овесните снегулки, прашокот за пециво и ѓумбирот.
- 2.Настрана се мати путерот со шеќерот, а откако смесата ќе се изедначи, се додаваат јајцата и ренданата кора од лимон.
- 3.Штом оваа смеса ќе ја смени бојата (убаво ќе се измеша и ќе осветли), се додаваат сувите состојки и се заедно добро се замешува.
- 4.Од смесата се прават топчиња големи колку слива и се редат во тавче од рерна, на хартија за печење.
- 5.Се печат во загреана рерна, на 180°, не повеќе од 13 минути.