Во периодот кога има превкусна диња која можете да ја искористите за многу рецепти јас направив еден тип на овошен сладолед кој италијаните го нарекуваат „гранита„. Ако ви се допадна ова супер освежување, можете да го приготвите и со друг тип на овошје како лубеница или праски. Добар апетит.

Овошен сладолед од диња

By Мигусто Published: June 17, 2016

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 5 mins
  • Ready In: 3 hrs 15 mins

Во периодот кога има превкусна диња која можете да ја искористите за …

Ingredients

Instructions

  1. Исечкана диња1.Дињата исчистете ја и исечкајте ја на парчиња. Ставте ја во блендер и изблендирајте ја.
  2. Шербет2.Во сад, на оган, растопетет го шеќерот во вода. Гответе се додека шеќерот не се растопи.
  3. Истурање на шеќерот3.Во блендираната диња ставете го растопениот шеќер и сокот од лимон и промешајте.
  4. Истурање на дињата во тава4.Истурете ја смесата во тавче и ставете ја во ладилник да се замрзне. Одвреме-навреме со вилушка изгребете го оној дел од смесата што е веќе замрзнат, па вратете го тавчето назад.
  5. Смрзната гранита5.Повторете ја оваа постапка уште 2-3 пати или додека целата смеса не е добро замрзната и изгребана.
  6. Гранита од диња6. Сипете во чаши за мартини и украсете со малку кора од лимета.