Нема некој кој не обожава палачинки. Тоа е повеќе од сигурно. Но, ајде да не бидеме досадни и да направиме една супер овошна торта. Ред палачинки, малку фил и сезонско овошје по избор. Едноставно нели?
Овошна торта од палачинки
By August 5, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 35 mins
Нема некој кој не обожава палачинки. Тоа е повеќе од сигурно. Но, ајде да …
Ingredients
- 85 г брашно
- 500 мл млеко
- 3 јајца
- 3 лажици масло за јадење
- 2 лажици мед
- 1 лажичка сол
- состојки за филот
- 50 г мешано овошје (малини, капини, јагоди)
- 30 г брашно
- 1 мал овошен јогурт
- 1 мала слатка павлака
- ½ лажичка арома од ванила
Instructions
- 1.Во мал сад ставете ги јајцата и медот. Додадете го млекото, маслото и солта и мешајте се додека се добро не се соедини. Ставете брашно и мешајте додека смесата не стане фина и хомогена. Оставете ја да одстои десетина минути.
- 2.Печете ги палачинките додека не добијат златно кафена боја и фатат мала коричка на краевите. Испечените палачинки ставете ги во фрижидер добро да се оладат.
3.Во меѓувреме исечкајте го овошјето кое може да биде по ваша желба, најдобро свежо и сезонско. Потоа ставете две палачинки и премачкајте ги со смесата од јогурт и слатка павлака. Преку филот ставете уште две палачинки и ред сечкано овошје. Повторете ја постапката се додека имате фил и палачинки.
4.Кога ќе завршите со редењето ставете ја тората во фрижидер најмалку два часа. Потоа сервирајте со некој ваш омилен пијалок. Добар апетит.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна