Ако баш ви се јаде нешто слатко (или ве изненадат гости), а во локалното продавниче продаваат готови палачинки, тогаш го имаме совршениот рецепт за вас. Спомнавме ли дека не ви требаат ни 10 минути за да ги направите (под услов да не ги пржите палачинките!)?
Палачинки со праски Recipe
By August 4, 2012
Published:Ако баш ви се јаде нешто слатко (или ве изненадат гости), а во локалното …
Ingredients
- 8 палачинки
- 2-3 праски (исечени на парчиња)
- 3 супени лажици путер
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила (или ванилин шеќер)
- 1 кафена лажичка рум (не мора)
- 50 г шеќер
- малку слатка павлака
- 8 дрвени штипки (за алишта)
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. Во подлабок сад изматете го путерот со шеќерот, екстрактот од ванила и румот.
- 2.Претходно испржените палачинки (а може и купени) наполнете ги со неколку парчиња праски во средината, врз праските ставете по една кафена лажичка од смесата со путер, а потоа соберете ги врвовите на палачинката нагоре и прицврстете ја во средината со штипка (да се добие како бовча).
- 3.Наредете во тавче врз хартија за печење и печете ги не повеќе од 3-4 минути (или по желба повеќе, ама внимавајте бидејќи брзо горат).
- 4.Изматете ја павлаката, но така да не биде многу цврста, потоа сипете една лажица од изматениот шлаг врз чинија за послужување и одозгора ставете ја палачинката. Украсете со неколку кришки од праска.
- Cuisine: Десерт
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна