Со помош на овој паметен сад и апликацијата креирана од Карлос Херера, вашиот миленик никогаш нема да остане гладен. Особено кога не сте дома и имате проблем како да му дадете на вашето маче или куче да си касне од својата омилена храна.

Нема потреба од молење комшии и пријатели да тркнат до кај вас дома и да му остават храна. Сега е едноставно, преку телефон можете да контролирате се. Колку храна изело, кога завршило со оброкот и слично. Целиот пакет од составен од паметниот сад (со капацитет од 2.2 и 4.5 килограми) и апликацијата (наменета за Андроид, Виндоус и Ајфон) чини 149 долари.

Прилично корисен уред и изум нема што. Особено за сите љубители на домашни миленици кои понекогаш имаат проблем и забораваат да го нахранат своето кученце или маче. Погледнете го видеото каде ги има сите детали како функционира Pintofeed.

Feed Your Pet from Your Phone with Pintofeed. from Pintofeed Inc on Vimeo.