Неодолив, декоративно совршен, превкусен… Тоа е италијанскиот десерт Панакота кој нуди слатко кремасто задоволство. Се подготвува едноставно и кратко, но единствената „мана“ е што треба да почекате неколку часа за да се згусне и да го добие оној примамлив изглед што е толку карактеристичен за него.
Панакота со јагоди
By June 15, 2012
Published:Неодолив, декоративно совршен, превкусен... Тоа е италијанскиот десерт …
Ingredients
- 1 литар слатка павлака
- 2 кесички желатин во прав
- 3 лимона
- 300 гр свежи јагоди
- 3 лажици шеќер
Instructions
- 1.Од 700 мл слатка павлака направете шлаг. Останатиот дел од павлаката ставете го во мал сад на тивок оган и загрејте го, но внимавајте да не преврие.
- 2.Во загреаната павлака ставете го желатинот и мешајте се додека не се стопи.
- 3.Потоа додадете го шлагот и добро измешајте се додека состојките не се соединат.
- 4.На крај ставете го лимоновиот сок и повторно нежно промешајте.
- 5.Смесата рамномерно поделете ја во предходно добро навлажнети модли и оставете ги да се оладат. Бидете трпеливи.
- 6.За подготовка на сосот ќе ви треба не повеќе од пет минути, па затоа најдобро е да се прави при самото послужување на панакотата.
- 7.Во помал сад исецкајте ги јагодите, посипете ги со шеќер и ставете ги на силен оган добро да се растопат. Постојано мешајте да не загорат.
- 8.Послужете ги панакотите во убави тацнички, полеани со сосот од јагодите. За декорација можете да користите свежи јагодки исецкани на мали парченца и ливчиња нане.
- Cuisine: Десерт
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна