Уште еден деликатес од кујната на Мигусто. Овојпат панцероти полнети со соја и спанаќ, за сите љубители на домашни пецива. Доколку сакате, можете смесата со соја да ја поделите на два дела па едниот дел да го измешате со спанаќот, а во другиот дел да додадете малку доматен сос или кечап.


За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа

Панцероти со соја и спанаќ

vitalia

By Мигусто Published: April 12, 2013

  • Prep: 40 mins
  • Cook: 1 hr 15 mins
  • Ready In: 1 hr 55 mins

Уште еден деликатес од кујната на Мигусто. Овојпат панцероти полнети со …

Ingredients

Instructions

  1. Подготвено тесто1.Брашното, квасецот, маслото, шеќерот и солта замесете ги во мазно и компактно тесто. Оставете го тестото да постои додека двојно не му се зголеми волуменот, а во меѓувреме подгответе го филот.
  2. Подготвен фил2.Кромидот исечкајте го ситно и запржете го, додадете ја сојата претходно натопена со вода според упатството на пакувањето и зачинете со мешан зачин и сол по потреба. Пржете ја смесата 10-тина минути. На крајот додадете го обарениот и ситно исечкан спанаќ. Добро измешајте.
  3. Крукчиња од тесто3.Кога тестото ќе нарасне, расукајте го во кора со дебелина од околу 3-4 мм. Од кората со помош на набрашнето калапче или чаша пресечете крукчиња.
  4. Формирање на панцеротите4.На половина од крукчињата нанесете по една лажичка од смесата, потоа со вода натопете ги краевите и одозгора поклопете со друго крукче. На крајот со виљушка притиснете ги краевите на панцеротите за убаво да се залепат двете кори.
  5. Панцероти со соја и спанаќ5.Наредете ги панцеротите во тавче врз хартија за печење и оставете ги да постојат уште барем 30-тина минути. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15-20 минути или додека не добијат малку боичка. Забелешка: Од овие состојки излегуваат околу 20-тина панцероти.