Вкусно, здраво и колоритно ручече кое ни го испрати нашата читателка Виолета. Со оглед на тоа што и ние сме обожаватели на риба, веруваме дека рецептот ќе ни стане фаворит. Зошто не и на вас!
Панга со зеленчук
By August 26, 2012
Published:Вкусно, здраво и колоритно ручече кое ни го испрати нашата читателка …
Ingredients
- 700 г риба панга
- 4 компири
- 2 моркова
- 1 тиквичка
- 300 г спанаќ
- маслиново масло
- малку сол, сув лук, црн пипер, рузмарин, вегета
Instructions
1.Неколку часа пред подготовка на јадењето, пангата одмрзнете ја. Спремете ги останатите состојки.
2.Спанаќот обарете го или ако користите замрзнат одмрзнете го. Насечкајте тиквичка, морков, компир, подгответе ги зачините. Исечкајте ја пангата на парчиња.
3.Во кеса за печење, ставете ги сите состојки. Зачините измешајте ги со маслиново масло и тоа истурете го во кесата. Затворете ја кесата и убаво протресете ја.
4.Печете 45 минути на 220 степени во добро загреана рерна. Сервирајте веднаш.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна