Иако ова не е нешто што често го правиме, сепак одвреме навреме вака панираното пилешко навистина ни ја збогатува трпезата. Едноставно и вкусно, зар не мислите и вие така?
Панирано пилешко
By September 6, 2013
Published:Иако ова не е нешто што често го правиме, сепак одвреме навреме вака …
Ingredients
- 8 парчиња пилешко (копани, надкопани, крилца)
- 250 мл млеко
- 2 супени лажици оцет
- 250 г брашно
- 2 кафени лажици сол
- 2 кафени лажички црн пипер
- 2 кафени лажички црвен пипер
- 1 кафена лажичка лук во прав
- 1 кафена лажичка ливчиња свеж босилек
- 1 кафена лажичка Оригано
- 1 кафена лажичка мелен ѓумбир
- масло за пржење
Instructions
- 1.Ставете ги парчињата во подлабок сад и полијте ги со млекото во кое претходно сте го измешале оцетот. Оставете го месото да отстои во фрижидер бар 2 час, а повремено превртувајте ги парчињата за да се натопат од сите страни.
- 2.Сите останати состојки ставете ги во поголема пластична ќеса и добро измешајте ги. Исцедете го месото од млекото, а потоа ставете ги сите парчиња во ќесата и протресете добро за да се покријат со смесата.
- 3.Во меѓувреме ставете го маслото да се грее во подлабоко тенџере. Ставете доволно за најголемото парче месо да се покрие малку повеќе од половина.
- 4.Пржете го месото во загреаното масло околу 7-8 минути од секоја страна. Ставете ги испржените парчиња на кујнска хартија да се исцеди вишокот маснотија, а потоа послужете ги додека се уште топли.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна