Значи – грав и тестенини. На оваа тема има многу варијанти…еве еден мој предлог за кој што верувам дека ако некој за прв пат спрема, ке биде презадоволен.
Паста фажол
By June 14, 2013
Published:Значи - грав и тестенини. На оваа тема има многу варијанти...еве еден мој …
Ingredients
- 700 гр варен грав (шарен)
- 150 гр пушена сланина
- 120 гр кромид
- 2-3 чешниња лук
- 4 лажици зејтин
- 1,3-1,5 л вода
- 1 лажица вегета
- 150 гр кратки макарони
- зачини ловоров лист, магданос, целеров лист
- 2 лажици мешавина од Фант за фаширани шницли
Instructions
- 1.За да е вкусен овој грав со тестенини, основно е тоа што треба да е шарен грав, на белиот грав местото не му е овде.
- 2.Сварете го гравот на вообичаен начин. Исцедете го.
- 3.Сварете ги ал - денте кратките макарони, залијте со ладна вода за да не се залепат, иседете ги.
- 4.На врел зејтин пропржете го насецканиот кромид заедно со исечканата сланина. Додадете го низ преса стиснат лукот. Залијте со малку вода, додадете ја вегетата, ловорот, целеровиот лист, и нека се динста уште околу 10 мин.
- 5.Додадете ја преостанатата вода во која сте раствориле од Фант мешавината, гравот, пире од патлиџанот и сварените макарони. Откако ќе зоврие- варете уште некоја минута.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна