За денешниот ручек ви предлагаме паста Карбонара – еден од најпознатите италијански рецепти. Комбинирајте го сосот со шпагети, јуфки, макарони или било која друга тестенина која ви се наоѓа по дома и уживајте!
Паста Карбонара
By November 27, 2012
Published:За денешниот ручек ви предлагаме паста Карбонара - еден од најпознатите …
Ingredients
- 1 главица кромид (ситно исечкан)
- 2 супени лажици маслиново масло
- 4 јајца
- 350 гр тестенина по желба
- 100-150 гр сланина или пршута
- 60 мл павлака за готвење
- 50 гр рендан пармезан (+ уште малку за украсување)
- малку сол
- малку црн пипер
- малку свеж магдонос (за украсување)
Instructions
- 1.Во поголемо тавче ставете го маслото да се загрее, а потоа додадете го ситно исечканиот кромид и пржете околу 5 минути (да омекне, но не и да смени боја).
- 2.Додадете ја сланината или пршутата исечкана на ленти и пржете уште околу 10 минути.
- 3.Во меѓувреме, во длабоко тенџере ставете вода да зоврие со малку сол, а потоа ставете ги тестенините и варете според упатството на пакувањето.
- 4.Во подлабок сад настрана ставете ги јајцата и измешајте ги со вилушка да се разбијат. Додадете ја павлаката за готвење и изренданиот пармезан и убаво промешајте. Зачинете со сол и црн пипер.
- 5.Кога ќе се сварат тестенините, исцедете ги убаво, а потоа истурете ги во тавчето во кое се пржеа кромидот и сланината и промешајте убаво.
- 6.Тргнете го тавчето настрана, истурете ја смесата со јајца внатре и промешајте.
- 7.Послужете ги тестенините во загреани чинии, испрскани одозгора со малку пармезан и ситно сечкан свеж магдонос.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна