Потпечени макарони во форма на колач. Звучи одлично, нели? И тоа не само што звучи и изгледа прекрасно има и феноменален вкус. Едноставно, вкусно и декоративно. Нема потреба од повеќе. 🙂
Паста колач
By August 24, 2012
Published:Потпечени макарони во форма на колач. Звучи одлично, нели? И тоа не само …
Ingredients
- 500 г макарони (или паста по ваша желба)
- 6 јајца
- 1 чешне лук
- 1 лажица путер
- 200 г свеж спанаќ (може да користите и смрзнат)
- 100 г рендан пармезан
- 100 г младо сирење или рикота
- 100 г моцарела
- сол, црн пипер,
Instructions
1.Подгответе ги сите состојки. Нарендајте пармезан, исчекајте моцарела, спремете го спанаќот, исчекајте лукче.
2.Во поголем сад ставете ги сите состојки. Скршете ги јајцата и сето тоа убаво промешајте го. Зачинете со сол, црн пипер или некој друг зачин по ваша желба.
3.Загрејте ја рерната. Наполнете го садот за печење. Најдобро е да користите класичен сад за колач, зошто токму тој ефект е посакуван, да добиете паста во форма на колач.
4.Печете околу 30 до 35 минути, се додека горниот слој не добие златна боја. Почекајте 5 минути да се подолади колачот. Бон апетит.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна