За денешниот ручек ви предлагам една варијација на тема Путанеска, или, како што кај мене ги нарекуваат – “шпагети со тоа ти се нашло во фрижидер“. Во секој случај, супер лесни тестенини во кои ќе уживате.

Паста Путанеска

By Гастронаутка Published: July 30, 2012

    За денешниот ручек ви предлагам една варијација на тема Путанеска, или, …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Сварете ја тестенината согласно упатството на пакувањето. Лукчето истолчете го заедно со маслинките или исечкајте ги ситно и двете. Пармезанот издробете го со вилушка ако не користите рендан.
    2. 2.Во подлабоко тавче ставете го маслиновото масло и исечканиот кромид и пржете го додека малку не ја смени бојата. Потоа додадете ги доматите исечкани на половинки и пржете уште неколку минути.
    3. 3.Додадете го виното или супата и оставете да се вари неколку минути, а потоа додадете го истолчениот лук и маслинките. Мешајте додека сосот убаво не се соедини и течноста не испари до саканата густина.
    4. 4.Кога сосот ќе ви биде по мерак, зачинете го со сол и црн пипер, а потоа додадете ја исцедената тестенина. Додајте го пармезанот и ливчињата босилек во тавчето, убаво измешајте се и послужете веднаш.