Комбинација на вкусови на која е тешко да се одолее. Тестенини по желба, квалитетен колбас и неколку зачини, надополнето со суви домати. Совршен ручек за секоја пригода. Добар апетит.
Паста со колбаси и суви домати
By March 11, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Комбинација на вкусови на која е тешко да се одолее. Тестенини по желба, …
Ingredients
- тестенини по желба
- 2 колбаси (димени)
- 30 г суви домати
- 20 г рендан пармезан
- 2 чешниша лук
- 1 лажица сенф
- 1 лажица лимонов сок
- малку маслиново масло
- малку свеж магданос
- малку свеж спанаќ
- сол, црн пипер
Instructions
1.Колбасите исечкајте ги на парченца. Во тавче на малку маслиново масло испржете ги заедно со исчеканото лукче и додате ги сувите домати. По неколку минути ставете една рака свеж спанаќ. Додадете сенф, лимонов сок и зачинете.
2.Во меѓувреме сварете ја тестината. Внимавајте да не ја преварите. Следете го упатс твото и пробајте ја дали е готова. Откако ќе се свари, тестенина исцедете ја и префлете ја во тавчето со колбасите. На тивок оган гответе неколку минути. Додадете од изренданиот пармеза.
3.Тестенината префрлете ја во чинија, одозгора наросете свеж магданос и уште малку пармезан.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна