„Оригиналното име на овие португалски колачи е паштел де ната, што всушност значи пудинг тарт… Толку многу се едноставни за подготовка, а богати на вкус, што не можете да престанете да ги јадете. Рецептот е на мојата драга пријателка Драгана од Белград.„ – ни напиша нашата пријателка Валентина.

И се разбира, Мигусто неможеше да остане рамнодушен,  ги подготвивме, и стварно се феноменални.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

 

Паштел де Ната

By Валентина Крстевска Published: March 1, 2014

    „Оригиналното име на овие португалски колачи е паштел де ната, што …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Од брашното,солта и водата замесете средно тврдо тесто.Откако ќе стане хомогено, месете уште околу 5 минути, па оставете го да се одмори додека да го подготвите путерот.
    2. 2.Во длабок сад со миксер изматете го пенесто путерот.
    3. 3.Од тестото рассукајте кора со димензија 40 х 20 см, премачкајте ја со половина од путерот, преклопете го тестото на 3 дела (левата третина кон десно, а десната третина преку неа), оставете го преклопеното тесто во фрижидер и подгответе го филот.
    4. 4.Околу 400 мл од млекото заедно со лентите од кора од лимон и шеќерот ставете го да зоврие, па отстранете ја кората од лимон. Во преостанатото млеко растворете го брашното и густинот со ванила кристалите, внимавајќи да не останат грутчиња, па додајте го во зовриеното млеко. Варете на тивко и често промешувајте да не загори. Изматете ги со миксер жолчките и вмешајте ги во сварениот крем. Со исклучена рингла варете с`е додека масата не стане едноична.
    5. 5.Така како што е преклопено, тестото рассукајте го уште еднаш во кора со димензија 40 х 20, премачкајте го со остатокот од путерот и завиткајте го во ролат од кој ќе исечете парчиња со должина 2-3 см или едноставно исечете онолку парчиња колку што вашиот калап за мафини има отвори.
    6. 6.Секое парче свртете го во отворот од калапот така што да го гледате зароланиот дел. Со прст притиснете го в среднината секое парче, и обликувајте го по рабовите од калапчето како што е прикажано во средниот ред по фази обележани со броеви.
    7. 7.Ставете од филот во секое подготвено колаче и печете на околу 200 степени додека да се добие златно жолта боја (околу 20-тина минути).
    8. 8.НАПОМЕНА: за подготовката на филот од втората варијанта, всушност само се вари пудинг според упатството од ќесичката. Се разбира, првата варијанта има малку повеќе работа, но дава и подобар резултат.