Не знам дали сте пробале да похувате риба со мелени бадеми, ама ако уште не сте, задолжително да пробате. А оваа комбинација од реш печени компири и праз одлично ја надополнува рибата. Супер!

Пастрмка со печени компири

By Гастронаутка Published: July 3, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 40 mins

Не знам дали сте пробале да похувате риба со мелени бадеми, ама ако уште …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Загрејте ја рерната на 220 степени. Наредете ги круговите од компири врз тавче со хартија за печење и врз нив распоредете го празот. Испрскајте одозгора со сол и црн пипер, а потоа и со пармезан и на крајот со маслиново масло.
  2. 2.Печете ги во добро загреана рерна најгоре околу 20 минути или додека компирите не омекнат.
  3. 3.Во меѓувреме, потопете го секое парче риба во јајцето, а потоа извалкајте го убаво во мелените бадеми. Притиснете убаво за бадемите да се залепат.
  4. 4.Загрејте го маслиновото масло во тавче, а потоа пржете го секое парче риба околу 2-3 минути од секоја страна или додека не добие убава златна боја.
  5. 5.Во чинии за сервирање ставете по едно парче риба и малку од печените компири, испрскајте одозгора со свеж ситно исечкан магдонос и послужете додека е топло.