Дали сте знаеле дека Австралија и Нов Зеланд и ден денес се караат за тоа кој ја измислил оваа торта? Историјата вели дека оваа торта била инспирирана од и посветена на руската балерина Ана Павлова која во средината на 20-тите години од минатиот век ги посетила овие две земји. Толку многу ги воодушевила со својата грациозност, елеганција и стил на играње, што домаќините (не знаеме точно кои :)) решиле да направат посебен десерт во нејзина чест. Тортата требало да биде бела, лесна и воздушеста, како што бил и фустанот на Ана во улога на белиот лебед во балетот Лебедово езеро. Инаку, за тортава има мал милион варијанти и рецепти, но основно е што секогаш се пече шне од белки, а се комбинира со било каков крем и овошје.
Павлова торта со вишни
By February 20, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Дали сте знаеле дека Австралија и Нов Зеланд и ден денес се караат за тоа …
Ingredients
- 6 белки
- 315 г шеќер во прав
- 2 супени лажици бел оцет
- 1 супена лажица пченкарно брашно
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 тегла компот од вишни (без семки)
- 2 супени лажици пченкарно брашно (за сосот)
- 2 супени лажици џем од вишни или сливи
- 1-2 супени лажици исцеден сок од лимон
- 450 мл слатка павлака
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 120 степени. Во три тавчиња ставете хартија за печење и нацртајте кругови со еднаква големина.
- 2.Со миксер иматете ги белките додека не почнат да се појавуваат меки врвови, а потоа постепено додавајте го шеќерот во прав (лажица па матење). На крајот додадете го оцетот, пченкарното брашно и ванилата и добро измешајте додека смесата не се соедини.
- 3.Распоредете ја смесата врз нацртаните кругови и израмнете одзогора колку што можете. Печете во загреана рерна околу 30 минути или додека на допир не осетите коричка. Изгасете ја рерната и оставете ги тестата внатре да се ладат заедно со рерната (со затворена врата).
- 4.Во меѓувреме, исцедете ги вишните од компотот и сочувајте го сокот. Измерете 200 мл сок (ако ви фали, дополнете со вода), додадете го пченкарното брашно и две лажици џем од вишни или сливи, и ставете го на умерен оган додека да зоврие и малку да се згусне. На крајот, исцедете го сосот низ цедалка или газа за да не остануваат парчиња. Додадете ги вишните и сокот од лимон и оставете настрана за добро да се излади.
- 5.Слатката павлака изматете ја, но не премногу, во шне. Ако сакате, додадете неколку вишни во матењето и смесата ќе добие убава розе боја.
- 6.Ставете едно тесто на сталак за торта. Врз него распоредете половина од изматената слатка павлака. Ставете уште едно тесто, па пак павлака и на крајот завршете со тесто. Одозгора истурете го претходно приготвениот и оладен сос со вишни.