Овој рецепт на нашиот читател Александар навистина многу ни се допадна. Декоративни солени мафини кои наликуваат на печурки. Ние веќе ги пробавме, одлични се. Изненадете ги домашните и најблиските со овие превкусни пченкарни печурки.
Пченкарни печурки
By August 25, 2012
Published:Овој рецепт на нашиот читател Александар навистина многу ни се допадна. …
Ingredients
- 1 шолја брашно
- 1 шолја пченкарно брашно
- 2 јајца
- 1 шолја јогурт
- 125 г путер
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- малку сол, шеќер
- 1 пакетче виршли
Instructions
1.Загрејте ја ререната на 220 степени. Исечкајте ги виршлите на мали парченца и подгответе ги сите состојки. Најдобро е путерот да биде добро омекнат.
2.Во пластичен сад измешајте ги двата типа на брашно, додадете прашок за пециво и малку шеќер. Во друг пластичен сад измешајте го јајцето заедно со путерот, додатете јогурт и сол. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
3.Во смесата со јајце и јогурт додадете ја смесата со брашно. Со миксер миксирајте неколку минути се додека не добиете фино, компактно тесто. Со ова тестото е спремно за печење.
4.Модлите наполнете ги со смесата, а во средина ставете по една парче виршла. (доколку не користите тефлонски или силиконски модли, тогаш премачкајте ги со путер пред да ги наполните со смесата).
5.Печете 10 до 15 минути се додека не добиете златно кафена боја. Кога ќе бидат готови, премачкајте ги со малку растопен путер и оставете ги да се оладат.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна